20-годишник во притвор за напад врз малолетникот пред „Јане Сандански“


apsenje-pritvor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за насилство за време на конфликт меѓу навивачки групи пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Кривичниот суд му одреди притвор во траење од 30 дена.


Обвинителството побара притвор поради опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците кои треба да бидат сослушани, како и опасност од повторување на делото. Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител.

Според наводите во истрагата, за време на конфликтот меѓу навивачките групи пред влезот на спортскиот центар, осомничениот му задал удар во главата на малолетник од спротивната навивачка група. Од ударот детето се онесвестило и паднало на земја, по што со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Против 20-годишникот се води постапка за кривично дело „Насилство“ по член 386 став 6 во врска со ставовите 4 и 1 од Кривичниот законик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK