“Ако не го смениме уставот ќе ни избегаат младите” – Маричиќ
Младите избегаа, а не поради тоа што не беше сменет уставот туку поради корумпирани политичари кои ждерат една месечна плата по кафани, од нивни пари, поради криминалци на власт, поради систем кој пропагира неказнивост и недопирливост на политичарите, поради тоа што најлошите нѐ владеат, поради тоа што не сакаат животот да го поминат на колена во партија за да се вработат, поради здравството кое не лечи и нема ни лекови воопшто, поради образованието кое е руинирано, поради загаден воздух кој ги труе, поради апатија и бесперспективност, поради… Па поради вас.
Не избегаа само младите, бегаат и постари, бегаат и цели семејства, сите имаме некој план за евакуација од овде некаде во себе.
А имаме и план за борба, да ве евакуираме Шутка.