На 26.08.2023 околу 14.00 часот пријавено е дека на регионален пат Куманово-Арачиново во атар на с.Орланци, во близина на депонија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(27) од с.Никуштак, општина Липково, и патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Џ.(63) од Куманово.
По несреќата сопатничката во возилото „шкода“ Н.Е.(65) од Арачиново била пренесена во Општа болница Куманово каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, додека двајцата возачи и сопатничките во возилото „опел“ Н.Ш.(69) од Р.Србија и Х.Ш.(37) од Р.Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.