Салах сака да оди во Ал-Итихад, дали Ливерпул ќе „попушти“?

GOAL_-_Blank_WEB_-_Facebook-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мохамед Салах ги информирал Ливерпул дека сака да направи трансфер во саудискиот Ал-Итихад ова лето, по понудата од над 80 милиони фунти за Египќанецот, и „црвените“ до понеделник ќе мораат да направат одлука за трансферот, тврди „Спорт Италија“.


Ваквиот развој на настаните овој викенд доаѓа откако претходно Јирген Клоп инсистираше дека Салах е посветен на Ливерпул, но високата сума може да ги разубеди американските сопственици на Ливерпул да ја прифатат понудата. Според новинарот Руди Галети, Ал-Итихад очекуваат одговор до понеделник.

Саудискиот клуб планира да го направи 31-годишниот Салах најдоброплатениот фудбалер на светот, понуда што е многу тешко да се одбие.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK