Еден авион и два хеликоптера ќе го гасат големиот пожар кај Чешиново-Облешево

IMG-7551bbf4ae9fcb27d312e4e144cbb108-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пак се разгоре пожарот кај Чешиново-Облешево.



„И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера, доцна попладне, започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет. Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

За да се спречи влегување на пожарот во шума но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип, еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот, а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK