На граничниот премин Табановце на влез во државава се запленети 422 парчиња шминки, соопштија од Царинската управа.
Козметиката е процената во вредност од речиси 190 илјади денари.
Робата била откриена од страна на оперативниот тим при детален преглед со скенер во торба.
Како што велат од Царина, скриена била во кабина на товарно моторно возило со штипски регистарски таблички.