СДСМ: Единствената политика на Мицкоски е блокада, изолација и кочење

SDSM-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владејачката партија утринава преку соопштение обвинува дека единствената политика на Христијан Мицкоски е политика на блокада, на изолација и кочење на процесите.


„Мицкоски беше против членство во НАТО и беше единствениот кој не честиташе за приемот на државата во Алијансата. Истиот тој Мицкоски денес е против членство во ЕУ“, велат од СДСМ.

„На почетокот главната реторика му беше дека со преговарачката рамка ќе се случела бугаризација и асимилација. Откако таа лага пропадна, подоцна лажеше дека ќе се загрозел јазикот, дека повеќе нема да се нарекувал македонски, па откако се потпиша Договорот со ФРОНТЕКС на официјален македонски јазик без фусноти и додавки, измисли некаков бугарски диктат, се со цел да работи против интеграцијата во ЕУ“, додаваат од партијата.

Според СДСМ, проевропскиот блок ќе обезбеди членство во ЕУ, нашите граѓани не заслужуваат повторно да седат во чекалната како што Мицкоски самиот вели дека ако е потребно, ќе чекаме 10 и 20 па и 30 години.

Државата повеќе не смее да си дозволи нови изгубени децении.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK