Челси пред својата публика на „Стемфорд Бриџ“ ја забележи првата победа во новата сезона во третото коло, откако стигнаа до убедлива 3:0 победа над новиот премиерлигаш и аутсајдер оваа сезона, Лутон таун.
Тимот на Маурисио Почетино и покрај големите инвестиции во текот на летото и целосниот „ремонт“ на тимот имаше незгоден старт на Премиерлигата, со реми со Ливерпул и незгоден пораз од Вест хем, но овојпат Аргентинецот стигна до првата официјална победа на клупата на лондонскиот клуб.
Креатор на победата беше Рахим Стерлинг, кој покажа дека повредите и слабата форма од 2022/23 се во минатото. Тој во 17. минута со прекрасен соло гол ги донесе домаќините во водство, за потоа Лутон да го издржи притисокот до 69. минута, кога Стерлинг погоди и по вторпат.
Во 75. минута од мечот, новото засилување во нападот на Челси, Николас Џексон го постигна својот прв гол за веќе да нема дилеми кој останува со поените. Лутон, во своите два први меча во првата сезона во историјата во елитата, има два порази.