Кадиров со порака за Пригожин: Го замолив да се откаже од личните амбиции

21-kadirov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска потсети на неговите односи со шефот на „Вагнер“ групата, Евгениј Пригожин, кој, како што се верува, загина пред два дена откако се урна авионот во кој се наоѓаше со уште девет лица.



„Бевме пријатели долго време. Честопати моравме да ги решаваме најкомплицираните проблеми“, напиша Кадиров на својот канал „Телеграм“.

Кадиров го опиша Пригожин како човек кој се разликува од другите по неговата брза реакција, уникатните комуникациски вештини и упорноста.

„Тој секогаш беше подготвен да помогне и навистина помагаше од срце“, рече Кадиров.

Кадиров оценува дека Пригожин е важна фигура на националната сцена, но истакнува и дека во последно време „или не ја видел или не сакал да ја види целосната слика за она што се случува во земјата“.

„Побарав од него да ги остави личните амбиции во корист на прашањата од најголемо национално значење. Се друго може да се реши подоцна“, рече Кадиров.

„Но, таков беше Пригожин, со неговото железно однесување и желба да го добие она што го сака овде и сега“, додаде Кадиров.

За придонесот на групата на „Вагнер“ во руската војна во Украина, Кадиров рече дека нема сомнеж дека дал голем придонес.

„И таа заслуга не може да му се одземе. Неговата смрт е голема загуба за целата земја“, напиша Кадиров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK