ЈСП Скопје: Зголемен број на автобуси до Матка за Голема Богородица

DSC_7393.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ЈСП Скопје информираат дека во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во недела на 27.08.2023 година на линијата 60 -Транспортен центар – Матка, во периодот од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.


Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и во понеделник на 28.08.2023 година, од 7 до 18 часот.

Поголемата фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.

Во понеделник на 28.08.2023 година, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Билетарниците и центрите за персонализација во понеделник нема да работат, а Жичарницата ќе функционира вообичаено, ќе работи од 10 до 20 часот, при што од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, а во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK