Силен земјотрес утрово ја погоди провинцијата Малатија во Турција, која веќе беше разурната при силните земјотреси во февруари.
Иако првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од пет степени според Рихтеровата скала, ЕМСЦ наведува дека е регистриран со јачина од 4,7 степени.
#Earthquake (#deprem) possibly felt 21 sec ago in #Turkey. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/bKBgMenA4F
🌐https://t.co/44vngdM2ty
🖥https://t.co/OSr2jaub9Y
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/LMP1bYUvUi— EMSC (@LastQuake) August 24, 2023
Според првите информации, епицентарот бил во близина на Малатија, која беше разурната од силните земјотреси кои се случиле во февруари. Земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.
Се уште нема информации за штетата.
Малатија е една од 11-те турски провинции кои на 6 февруари беа погодени од два земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер. Околу 14 милиони луѓе во Турција беа погодени од тие земјотреси, како и многу други во северна Сирија.