Струга Трим Лум во пресрет на првиот меч од баражот за пласман во фазата по групи, во Конференциската лига, против Бреидаблик се соочи со голем проблем. Утре на клупата на актуелниот шампион нема да седи тренерот Шпетим Дуро.
Дуро, на прес-конференцијата пред натпреврот, откри дека дубил суспензија од УЕФА,
„Сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, тоа морам да го прифатам, казната ја заслужив. Ги загубив нервите по една провокација од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена, дефинитивно ми е жал што нема да ја водам екипата, но со помош на мојот штаб, со кој веќе извесно време работиме заедно, верувам дека дека се ќе биде во најдобар ред“, изјави Дуро.
Покрај тренерот натпреварот против тимот од Исланд ќе го пропушти и напаѓачот марјан радески, кој во реваншот против Есперанж доби црвен картон.
Натпреварот Струга Трум Лум-Бреидаблик утре ќе започне во 17 часот.