Шпанскиот премиер остро го нападна претседателот на Шпанскта кралска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубијалес, кој предизвик скандал по освојувањето на титулата на СП во фудбал во Австралија, кога ја „грабна“ и бакна Џени Ермосо при церемонијата на доделување на медали.
Рубијалес првично ги нарече критичарите „лузери“ и „с.рковци“, пред да се извини за потегот. Премиерот Санчез вели дека „извинувањето не е доволно“.
„Тоа што го видовме беше целосно неприфатливо, Рубијалес. Извинувањето не е доволно, а ниту ти си адекватен. Мора да објасни што е тоа што го видовме“, изјави Санчез.
Министерката за еднаквост во шпанската влада, Ирене Монтеро, пак го нарече инцидентот „сексуално насилство“, но самата фудбалерка, Ермосо, иако призна дека не сакала да го бакне Рубијалес, потоа објасни дека се работи за „спонтан гест по радоста по освојувањето на СП“.
Bij het uitreiken van de gouden WK-medailles kust de Spaanse bondsvoorzitter Luis Rubiales speelster Jenifer Hermoso op de mond. Een zoen die in Spanje tot verontwaardigde reacties lijdt.
Meer → https://t.co/NnTorFGYyA pic.twitter.com/2Hab7qDARf
— NOS Sport (@NOSsport) August 21, 2023