Сандра Булок ќе ја расфрли пепелта на покојниот партнер на Бахамите

20232208_SandraBullock_Reuters-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сандра Булок, наводно, планира пепелта на својот покоен партнер Брајан Рендл да ја расфрли во море, односно во крајбрежен луксузен рисорт каде тајно размениле завети.


Актерката (59) беше скршена од тага на почетокот на август кога фотографот со кого беше во врска осум години, почина на 57-годишна возраст од АЛС (амиотрофична латерална склероза).

Брајан – угледен фотограф и поранешен модел – последните три години ги помина тивко, водејќи битка со ретката невролошка болест која предизвикува оштетување и губење на моторните неврони во мозокот и ‘рбетниот мозок.

„Дејли мејл“ цитира анонимни извори дека холивудската икона размислува да се збогува со Брајан во Three Bees на Бахамите, каде што очигледно сака да ја расфрли неговата пепел во морето.

Весникот пренесува дека тие имале неофицијална свадбена церемонија на ова место во 2017 година, три години пред да му ја дијагностицираат болеста – иако тие никогаш официјално не се венчале.

„Местото беше толку посебно за двајцата. Го заземаа целиот остров за да можат да бидат она што се, да не мора да глумат пред никого. Тоа беше место каде што споделуваа некои од своите најсреќни моменти, сами или со пријатели,“ рече инсајдерот.

„Тие остануваа таму со недели. Има големо значење и симболика тоа да биде местото каде што таа ќе се збогува со него.“

„Дејли мејл“ дојде до фотографии од Брајан и од куќата на плажа во која често престојувале.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK