Спасовски и Агелер: Борбата против корупцијата останува наш заеднички приоритет

4-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер, остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица”, при што се сретнаа со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Југ и беа брифирани за постигнатите резултати на овој граничен премин. Спасовски и Агелер во оваа прилика ги посетија и вработените полициски службеници на овој премин, донирајќи вредна поддршка од Амбасадата на САД, т.н. боди камери за потребите на гранична полиција.


„Со донацијата на нови т.н. „боди камери“ за полициските службеници, наменети за документирање на полициското постапување во остварувањето на работните задачи и обврски, како и на двете специјализирани возила за откривање радиоактивен материјал или радиолошка заштита, едното за Регионалниот центар Југ, а другото за Север, дополнително ќе се зголемат квалитетот и ефикасноста на работењето во сите сегменти од полициското дејствување. Морам да кажам дека во досегашното работење употребата на боди камерите се покажа како исклучителна алатка во борбата против корупцијата.

Само во рамките на оваа област во првите шест месеци годинава откриени се 49 кривични дела, и овие кривични дела бележат намалување за 22% споредбено со истиот период лани”, рече министерот Спасовски. Притоа, тој сподели статистички податоци за резултатите на работата на РЦ ЈУГ: „Имаме драстично намалување на илегалната миграција во рамки на овие осум месеци годинава, во споредба истиот период лани за речиси 80 проценти, евидентирано е зголемување на откривачката функција во делот на криумчарење стоки и недозволена трговија за околу 50 проценти, компаративно со истиот период лани, а истовремено, граничната полиција продолжува успешно да ја извршува својата контролна улога независно што годинава се бележи рапиден пораст на протокот на патници, споредено со ланската година или со 2021”, информираше министерот Спасовски.

Амбасадорката на САД, Агелер ги изрази гордоста и задоволството од исклучителната соработка меѓу САД и Република Северна Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски. Таа потенцираше дека изминативе неколку години, од 2016 година наваму вложени се околу 4 милиони долари како поддршка на граничната безбедност, а меѓу нив е и опремата од боди камери, кои се алатка во борбата против корупцијата. Притоа, амбасадорката Агелер честитајќи му на министерот Спасовски за одличната работа на македонската полиција, потенцираше дека Амбасадата на САД е силен партнер на МВР, а соработката ќе продолжи и во иднина, бидејќи истата е критична за просперитетот на земјата.

Денешнава работна посета министерот Спасовски и амбасадорката на САД, Агелер ја искористија и да направат увид во поставено возило со термални камери на Вршник Баре, како и обиколка и презентација на Транзитниот центар Винојуг.

Во изјава за медиумите министерот Спасовски потенцираше дека со заедничката посета имаат за цел да се увиди на терен како дејствува македонската полиција, со поддршката од амбасадата на САД преку вредна донација во техничка опрема за потребите на граничната полиција, а во насока на зајакнување на заедничката борба против корупцијата.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK