Харадинај: Курти создава паралелен систем, нема доверба во сопствената земја

ramush-haradinaj.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, посочи дека премиерот на Косово Албин Курти е единствениот премиер кој не верува во системот на сопствената држава, туку создава паралелен систем.


Харадинај на фејсбук напиша дека Курти вработува луѓе кои се надвор од институциите дури и за најчувствителните владини операции, кои влијаат и на националната безбедност.

„Но, тоа се луѓе кои се доволни да бидат негови слуги, како што беше случајот со Ридван Мухарам“, вели тој.

„Тоа се кратките врски на државното заробување со бескрупулозните пријатели, поради кои алармирав пред една година, врски кои секојдневно се повеќе излегуваат на виделина“, напиша Харадинај.

Ридван Мухареми е уапсен во петокот заедно со двајца функционери на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија под сомнение за корупција и дека учествувале во аферата „жито“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK