(Видео) Кејти Пери прошета по Страдун во Дубровник, фановите воодушевени

Kejti-Peri.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На „Тик-ток“ осамна видео „Дали ја видовте Кејти Пери во Дубровник?“ на кое се гледа како музичката ѕвезда шета по познатата улица во хрватскиот град.


Видеото го сними и го сподели нејзин фан.

Додека музичката ѕвезда беше на разгледување на знаменитости со својот партнер Орландо Блум и со блиските пријатели Џеф Безос и неговата свршеница Лорен, и пејачот Ашер, околу неа почнаа да се собираат фанови и да ја фотографираат.

„Хеј, Кејти“, се слуша како викаат, но пејачката не реагира. Всушност, се чини како да не ужива претерано во вниманието на Страдун.

@lubisbryanjohnc Have you seen Katy Perry in Dubrovnik just now? #katyperry #hollywood #katycats #katyperryfan #dubrovnik #croatia #tiktokeurope #summer #travel #katyperryroar #oldtown #actress #star #starstruck #fan ♬ original sound – Bryan John Lubis ✨

Сепак, тоа не го намали ентузијазмот на корисниците на „Тик-ток“ кои беа воодушевени од видеото. „Би умрел да ја сретнам“, „Таа е преубава“, „Замисли да ја запознаеш Кети Пери во Дубровник“, „Таа беше со мене во авионот од Минхен за Дубровник“, напишаа воодушевените фанови.

Сепак, имаше и такви кои забележаа дека Кејти не го дели нивниот ентузијазам. К „Ги остави на seen,“ кога викаа по неа: еј Кети,“ се пошегува еден корисник на сметка на нејзината рамнодушност кога извикуваа по неа: здраво Кејти.

Таблоидите потсетуваат Кејти е во Хрватска на јахтата на Безос вредна 500 милиони долари. Пред Хрватска беа во Грција и Италија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK