Осомничениот убиец на Тупак Шакур се соочува со обвинение откако се пофалил со убиството

20823_tupac_rueters.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Осомничениот убиец на славниот рапер Тупак Шакур се соочува со непосредно обвинение откако гангстер се пофалил со свирепото убиство во книга.

Детективите од одделот за убиства во Лас Вегас сега се оптимисти дека собрале доволно докази против водачот на бандата Комптон Крип, Киф Ди (60), за конечно да го затворат случајот ‘Тупак’ речиси 27 години по свирепото убиство. Рап-иконата беше застрелан на 7 септември 1996 во својот автомобил додека чекаше на семафор. Тој почина шест дена подоцна , на возраст од 25 години.

Упатени извори изјавија за американски „Сан“ (US Sun) дека полицијата, со поддршка на окружниот обвинител изградиле силен случај против Киф Ди, кој претходно признал дека помогнал во атентатот на Тупак.

Канцеларијата на окружниот обвинител треба да го претстави нивниот случај пред големата порота во Лас Вегас, потврдија два извори за весникот.

Тие открија дека наскоро ќе биде покрената кривична постапка и дека окружниот обвинител ќе бара обвинение за убиство од прв степен, врз основа на законот во Невада.

Киф даде низа интервјуа и напиша мемоари насловени Compton Street Legend признавајќи ја својата улога во убиството на славниот рапер. Тој во книгата тврди дека на својот внук Орландо Андерсон му го дал оружјето со кое било извршено убиството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK