На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пожар избувнал во моторот на авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ веднаш по полетувањето.
Видеото го објави Би-би-си, каде се наведува дека драмата во авионот „Боинг 737“ се одвивала на летот од Хјустон до мексиканското летувалиште Канкун.
Авионот, наводно, принудно слетал, а пилотот безбедно го вратил леталото на аеродромот во Хјустон.
„Саутвест ерлајнс“ во соопштение наведува дека авионот имал механички проблем набрзо по полетувањето и дека бил приземјен.