На две плажи во Бар е забрането пливањето: подигнато е црвено знаме

1692617029_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На две плажи во Бар е забрането пливање поради лошиот квалитет на водата, соопшти денеска црногорскиот институт за морска биологија.


Забрането е пливање на плажите „Жукотрлица 01“ и „Жукотрлица 02“ и на нив е истакнато црвено знаме – симбол на забраната за пливање“, јавува РТЦГ.

Податоците за извршените испитувања се доставени до републичкиот инспектор за води, кој ќе преземе понатамошни мерки и дејствија од негова надлежност“, се наведува во соопштението.

Од институтот соопштија и дека во општина Бар морската вода на шест плажи била со одличен квалитет, на пет е добра, а на две со задоволителен квалитет.

Во општина Херцег Нови, примерок од вода е земен на вкупно 21 локација, од кои седум се со одличен, осум со добар и шест со задоволителен квалитет.

Во Котор водата е со одличен квалитет на осум локации, на две добра, а на четири задоволителна, соопштуваат недлежните власти.

На подрачјето на општина Тиват водата била со одличен квалитет на осум тестирани локации, додека на една локација била со добар квалитет.

Како што е наведено, во Улцињ, од вкупно 18 локации каде што се спроведува Програмата за мониторинг на санитарен квалитет, морската вода во 17 била со одличен квалитет, а на една локација добра.

Анализите покажале дека морската вода во општина Будва била со одличен квалитет на 29 локации, а со добар квалитет на три локации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK