Карпош доделува стипендии за талентирани ученици и за основци спортисти

stipendii-karpos.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Согласно Програмата на Одделението за образование при локалната самоуправа, Општина Карпош и годинава обезбеди финансиски средства за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици, кои учат во основните училишта на територија на општината за учебната 2023/2024 година. Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000 денари месечно за Прва категорија, односно 2.500 денари месечно за Втора категорија, известуваат од Општината.



Од општина Карпош исто така известуваат дека од денеска, локалната самоуправа распиша Јавен оглас за доделување на осуммесечни стипендии за талентирани ученици – спортисти, за учебната 2023/2024 година кои воедно се жители на Карпош, и кои учат во VIII и IX одделение во основните училишта на територија на општината. Стипендистите ќе бидат рангирани во две категории од каде ќе зависи и висината на стипендијата која ќе ја добиваат.

Имено, за освоени три и повеќе бода, висината на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, додека пак, за освоени до 2,50 бода, висината на стипендијата изнесува 2.500 денари месечно, додаваат од Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK