Мотоциклист од Македонска Каменица загина откако излета од пат

motociklist.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 11,40 часот било пријавено дека на улица „Каменичка“ мотоцикл „хонда“, управуван од 20-годишниот И.К. од Македонска Каменица изгубил контрола и излетал од коловозот по што И.К. испаднал од моторот, а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот С.Д. од Делчево, извести МВР.



– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.К, кој на пат кон болница починал, соопшти МВР.

Од страна на лекар од итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Делчево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK