Ѓоковиќ по епското финале: Како да играв против Надал

44445555.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по епскиот меч со Карлос Алкараз изјав дека на моменти се чувствувал како да игра против Рафаел Надал.



Во спектакуларното финале во Синсинати, Новак го совлада младиот Шпанец со резултат 7:5, 6:7, 7:6.

Тоа беше еден од највозбудливите натпревари што Ѓоковиќ ги одигра во кариерата.

Ѓоковиќ не е изненаден од игрите на Алкараз.

„Веќе не ме изненадува, можеби ме изненади на крајот на минатата или на почетокот на оваа година. Импресивно е како победува на големи натпревари, секогаш е храбар во најважните моменти. Капата долу, игра со зрелост и толку добро се справува со притисокот за некој кој има 20 години. Чувството што го имам на теренот малку ме потсетува на чувството што го имав кога играв против Надал – кога бевме во зенитот на нашите кариери“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK