Тито Петковски: Ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа,зошто тогаш промената на бугарскио Устав и внесувањето на Македонците во него,што е дел од реалноста во Република Бугарија е толку тешка и сложена работа?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екатерина Захариева ја убедува македонската јавност дека”измената на македонскиот Устав не е голема работа”,при тоа додавајќи дека”Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати”.

Ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа,зошто тогаш промената на бугарскио Устав и внесувањето на Македонците во него,што е дел од реалноста во Република Бугарија е толку тешка и сложена работа?



Та нели граѓанските и етничките права и слободи се европски вредности.

Освен тоа,Бугарија има обврска според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права,повторувана по 15ти пат,да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање.

Како членка на ЕУ,зошто Бугарија не ги признава и не ги извршува одлуките на Меѓународниот суд?

Тоа ли е правна и демократска држава според европските стандарди и критериуми?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK