Левица: Трет обид да се протурка спорниот ДУП во Аеродром

thumbnail_ДУП-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општината повторно доби шамар од Лисичани на третата јавна презентација на спорниот ДУП за градска четврт ЈИ09, велат од политичката партија Левица.



„Првата верзија на овој ДУП предвидуваше тотално бетонизирање на населбата со предвидени 9 станбени згради, со образложение дека со овој ДУП ќе се подобри квалитетот на животот на жителите. Во вториот предложен ДУП, градоначаникот им ги избриша станбените згради на граѓаните кои одбраа хумано живеење наспроти бетонизација на дворовите, но не се откажа од 2 маркици за станбени згради низ кој поминува гасоводот. Во третиот предлог ДУП, Муцунски очигледно се откажа од првичниот план за „подобрување на квалитетот на живеење“, но никако не се откажува од маркицата на Голден Арт. Дали оваа маркица ќе му го подобри квалитетот на живеење на Тимчо?“, велат од Левица.

Според сопственоста на земјиштето на оваа новопредвидена градежна парцела, додава партијата, Голден Арт поседува 3 парцели, 4 парцели се на приватни сопственици, а 2 парцели се во сопственост на Република Македонија, сите со намена овоштарници/плодни земјишта.

Левица прашува јавно: Како изградбата на станбени згради на државно земјиште ќе го подобри животот на жителите?; Дали агресивното туркање на оваа спорна маркица и евидентниот личен интерес на градоначалиците, ќе ги мотивира истите во иднина уште почесто да ги донираат 78% од платата?; Дали Муцунски кога веќе сака да изгради објекти со А2 намена на државно земјиште ќе изгради социјални станови? Зошто во интерес на квалитетното живеење на Лисичани не им нацрта А1 маркици на Голден Арт, како што ги избриша А2 маркиците од другите парцели?

Левица додава дека „будно ќе го следи овој мафијашки процес и ќе ја известува јавноста за сите шверцерски потези на градоначанликот Тимчо Муцунски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK