Во ВМРО-ДПМНЕ договориле стратегија за петок – пратениците немаат притисоци, но нема ни да гласаат за отворање на Уставот

327917673_584985500175090_7504514778353672682_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во петок, за кога е закажана пленарната седница за уставни измени, нема да гласаат за отворање на Уставот. Никола Мицевски, координатор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека стратегијата нема да ја најават, туку ќе остават сите да ја видат на лице место за време на седницата. Посочи дека со аргументи ќе објаснат зошто не гласаат. Мицевски кажува дека притисоци кон пратениците нема.



„Пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ имаше редовна координација овојпат пред самата седница каде е предложена точката за уставни измени. Остануваме на континуираниот став дека измени на Уставот во ваков формат, под бугарски диктат не се возможни и нема да поддржиме. Ставот го кажавме и на Комисијата, кога посочивме дека власта турка процес кој не е поддржан од граѓаните“, кажа Никола Мицевски, координатор на пратениците.

Посочи дека по ова се очекува одговорност.

„Овој процес ќе биде можност за сите се да уверат дека власта лаже и манипулира. Се е магла околу уставните измени и дека не се ни блиску до уставни измени. Тоа значи дека власта е разголена и дека нема друг адут освен лагите и манипулациите. Ова се случува секогаш кога народот ќе се потцени и кога личните интереси ќе бидат пред државата. Тие купуваа време со очекувања, а сега станаа жртви на своите лаги“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK