Демократски сојуз: Минималната пензија да изнесува 300 евра

do-mediumi-29.10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра, но тоа да значи и скалестo усогласување на износите на сите пензии.


– Кога предлагавме минимална плата од триста евра и покрај отпорите сепак се прифати, но без да се усогласат другите плати врз основа на минималната, при што се случија апсурдни состојби. Тие што веќе имаа 18 000 денари плата, со повисок степен на образование и извршуваа посложени работни задачи, да примаат минимална плата, соопшти ДС.

„Затоа Владата треба да го прифати предлогот за минимална пензија, но да направи усогласување на износите на повисоките пензии земајќи ја како основа минималната пензија.

Минимална пензија од 300 евра и линеарно зголемување на пензиите се оправдани и издржани барања на пензионерите, а стабилноста на пензискиот фонд зависи од растот на економијата, ефикасна борба против криминалот и сивата економија, како и реализирање на капиталните инвестиции. Само со средствата од нереализирани проекти што ги плаќа Владата, може да се покријат потребите на пензионерите“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK