САД бараат од Иран да престане да продава дронови на Русија како дел од дискусиите за мир меѓу Вашингтон и Техеран за деескалација на тензиите, објави „Фајненшл Тајмс“.
САД вршат притисок врз Иран да престане да продава дронови резервни делови за дронови на Русија, кои Москва ги користи во војната во Украина, се вели во извештајот.
Вашингтон и Иран се обидуваат да ги намалат тензиите и да продолжат со пошироките разговори за иранската нуклеарна програма.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека со задоволство ќе ги пречека сите чекори од страната на Иран за деескалација на растечка нуклеарна закана.
Овие дискусии се одржаа заедно со преговорите за договор за размена на затвореници минатата недела.
Иран дозволи четворица приведени американски државјани да се преселат во домашен притвор од затворот Евин во Техеран.