– Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јул денеска се заложи за зајакнување на безбедносната соработка со САД и Јапонија заради соочување со севернокорејската нуклеарна закана.
Тој порача дека претстојниот самит со лидерите на САД и Јапонија во Кемп Дејвид „ќе постави нова пресвртница во трилатералната соработка“.
Тоа ќе биде првпат лидерите на трите земји да се соберат специјално на трилатерален самит, а не на маргини на меѓународните состаноци. Тоа покажува дека тие се сериозни во врска со зајакнувањето на нивните врски во услови на регионални предизвици како што се нуклеарниот арсенал на Северна Кореја и ривалството на Вашингтон со Пекинг.
Самитот „ќе постави нова пресвртница во трилатералната соработка што ќе придонесе за мирот и просперитетот на Корејскиот Полуостров и на индо-пацифичкиот регион“, рече Јун во денешното телевизиско обраќање.
Јун истакна дека седумте бази кои Јапонија и ги обезбеди на командата на ОН предводена од САД служат како „најголем фактор на одвраќање“ што ја спречува Северна Кореја да ја нападне Јужна Кореја.