Одговорен на синдикална организација во училиште во Лозово парите од чланарината си ги префрлал на сметка

denari-pari-780x470-640x386-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од селото Сарамзалино, општина Лозово, поради злоупотреба на службената положба и овластување.


„Пријавениот, во периодот од 19.10.2020 до 28.12.2020, додека бил одговорно лице на синдикална организација при основно училиште во Лозово, повеќе пати без покритие си префрлал пари собрани од членарина на синдикална организација на својата трансакциска сметка“, велат од МВР.

Пријавениот, со тоа, се стекнал со вкупно 36.000 денари противправна имотна корист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK