Еурофарм Пелистер ја запиша и втората победа во Европската лига. Вечерва во Битола тие го победија Гдањск со 34:27.
Пелистер против Гдањск контролата врз натпреварот ја презеде во втората половина од вториот дел, на полувреме вице првкот на Македонија имаше водство 20:14.
Продолжи Пелистер ист ритам и во вториот дел, ја достигна највисоката предност 29:21. Се обиде екипата од Гдањск да се врати со серија од четири гола, но тимот на Червар бргу се консолидира, ја врати разликата од седум гола.
Кузмановски го предводеше тимот со осум гола.
Пелистер со оваа победа остана во трката за едно од првите две места. Во следното коло, екипата од Битола ќе гостува кај Ла Риоха.