Семејството не сака да го преземе телото на убиецот од БиХ, објавуваат босанските медиуми

Nermin-Sulejmanovic.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминаа четири дена од тројното убиство што го изврши Нермин Сулејмановиќ во Градачац. Тој ја уби својата поранешна сопруга Низама Хеќимовиќ и две други лица, татко и син, а рани уште тројца. Убиството на поранешната сопруга го пренесуваше во живо на Инстаграм, а потоа се самоуби.


Според медиумите во Босна и Херцеговина, никој не сака да го преземе неговото тело, па ни неговото семејство, па не се знае кога ќе биде погребан. Познаници на таткото на убиецот за „Дневни аваз“ велат дека тој рекол дека не го интересира телото на Сулејмановиќ.

38-годишната Низама Хеќимовиќ беше погребана вчера, а стотиците луѓе кои дојдоа да ја испратат потоа учествуваа на мирен собир чија цел беше да испратат пораки против семејното насилство.

„Стоп за сите форми на насилство“, пишуваше на транспарентот што го носеа учесниците на протестот во Градачац.

Освен во Градачац, протести беа организирани и во Сараево, Зеница, Мостар, Тузла, Горажде и во некои други градови во БиХ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK