Батум ќе се пензионира по ОИ во Париз

71292699.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светското првенство годинава и Олимписките игри во Париз следната ќе бидат последните две натпреварувања во кариерата за капитенот на француската кошаркарска репрезентација, Николас Батум.


Батум претходно најави дека ќе се повлече од репрезентацијата по Игрите во Париз, а неговата сопруга Аурелиа вели дека оваа одлука е малку изменета и дека се однесува на крајот на неговата професионална кариера.

„Нико реши да ја заврши кариерата (во НБА и репрезентацијата) по Олимпијадата, ова ќе биде негова последна сезона со Клиперс“, напиша Аурелиа на Твитер.

Батум ја започна својата професионална кариера пред 17 години во Ле Ман. Две години подоцна се пресели во НБА. Тој помина седум сезони во Портланд, за време на локаутот во НБА накратко играше за Нанси, а потоа од 2015 до 2020 година го носеше дресот на Шарлот. Од 2020 година е член на Лос Анџелес Клиперс.

Со француската репрезентација освои злато на ЕП во 2013 година, има и едно европско сребро и една бронза. Има два сребрени медали на СП и едно сребро од ОИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK