Полицијата четврти ден трага по вејачот на т.н. „голема Албанија“ во Тетово: не се знае дали ќе се бара одговорнсот од Касами и Ганиу, молк и од Владата

362469149_2438210249683416_6640131196093765606_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовската полиција четири дена го бара лицето кое го вееше знамето на т.н. „голема Албанија“, Владата два дена не се огради и не побара одговорност, Обвинителството чека да види што ќе сработи МВР. Дали ќе има одговорност и за организаторите односно градоначалниците на Чаир и Тетово, бидејќи на настаните не беа испочитувани законите и протоколите за пречек на странскиот гостин, косовскиот премиер Албин Курти – засега е неизвесно. Партиите од албанскиот политичкиот блок, вклучувајќи ги и владејачките ДУИ и Алијанса на Албанците – не се оградија, ниту извинија од чинот кој се толкува и како територијална претензија кон други држави.


„Макфакс“ контактираше со полицијата од каде велат дека работат на расчистување на случајот односно утврдуваат кое е лицето кое вееше иконографија на т.н. „голема Албанија“. Засега непознато е дали тие добиле насока од тетовскиот обвинител да утврдат и прекршување на законите и протоколите од страна на градоначалниците Билал Касами и Висар Ганиу.

„Во врска со случајот за кој прашувате, СВР Тетово во координација со ОЈО-Тетово преземаат мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Обвинителството пак, ќе ги гони Касами и Ганиу за неистакнувањето на македонско знаме и неинтонирањето на македонската химна на настаните со Курит – само ако добие кривична пријава.

„СВР Тетово постапува за расчистување на настанот. Доколку биде доставена кривична пријава до Јавното обвинителство, тоа ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски реагираше и побара одговорност, но не и Владата. „Макфакс“ побара став од владината прес служба, кој е заедничкиот став на сите министри кои се дел од Владата. Оттаму, добивме игнорирање и молк.

Извинувања за знамето со спорната иконографија нема ниту од Билал Касами, од кого „Макфакс“ побара низа одговори во саботата. Молк и од Висар Ганиу.

Единствен став на Касами беше карањето со Владата, но ни збор не кажа и за спотот со песна „Добредојдовте во Албанија“ со која го пречека Албин Курти во Тетово.

Спотот беше објавен скоро четири часа откако „Макфакс“ прв ја објави веста дека знаме со т.н. „голема Албанија“ беше веено во Тетово за време на посетата на Курти, а за што прашања испративме и до Касами. Тој не се извини, ниту даде одговори, туку го сподели видеото.

На настанот не беше интонирана државната химна, ниту имаше македонско знаме. За ова, премиерот Димитар Ковачевски, како и претседателот Пендаровски, кажаа дека е кршење на законите и протоколите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK