Од денес поскапи горива

benzin-gorivo-960x639.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од полноќ поскапеа бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.


Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98  изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот  по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и  чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK