На референдум и Полјаците ќе го кажат својот став за оградата долж границата со Белорусија

polska granica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Полска ќе им даде можност на своите граѓани да го кажат своето мислење дали треба да се задржи оградата долж границата со Белорусија, објави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак,јави ДПА.

Референдумот ќе се одржи на 15 октомври во исто време со парламентарните избори.


Иако изградбата на оградата беше критикувана од опозициските политичари, во моментов нема значително противење на објектот со оглед на ситуацијата – Белорусија е близок сојузник на Русија.

Во последно време во Полска расте загриженоста за активностите на руските платеници од приватната воена компанија „Вагнер“ во Белорусија и за зголемениот број илегални мигранти од кризните региони кои сакаат да влезат во Европската унија.

Минатата година Полска ги обезбеди копнените делови од 418-километарската граница со Белорусија со ограда висока 5,5 метри, јави ДПА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK