Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски даде поддршка на барањата на пензионерите кои изминатиот период протестираат насекаде низ Македонија.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЗАСЛУЖУВААТ ДОСТОИНСТВЕНИ ПЕНЗИИ, А НЕ МИЛОСТ ОД ДРЖАВАТА!
Изразувам силна поддршка на барањата на пензионерите кои изминатиот период протестираат насекаде низ Македонија, барајќи покачување на пензиите.
Нивните барања се и мои барања! Тие се реални и треба да се реализираат.
Во услови кога инфлацијата е во постојан раст, цените во маркетите се менуваат, не прифатливо и понижувачки е покачувањето на пензиите на пензионерите за шест проценти!
Луѓето од третата доба од животот, заслужуваат достоинствен живот, а не како денес кога тие се на работ на егистенцијата.
Имајќи ја предвид економската моќ на населението, како и овие услови кога сите сме соочени со силната инфлација која го јаде трудот на работникот, тогаш реално е барањето за процентуално подеднакво покачување на пензиите за сите пензионери! – напиша Стефковски.