– Не исклучуваме ниту една варијанта за дејствување во врска со превратот во Нигер, вклучително и употребата на сила како последно средство. Ова денеска го изјави нигерискиот претседател Бола Тинубу, претседател на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), на завршувањето на средбата на регионалниот блок посветена на превратот.
Официјалното коминике прочитано по изјавата на Тинубу на крајот на состанокот вклучуваше резолуција со која се бара од шефовите на одбраната на заедницата „да ги активираат резервните сили на ЕКОВАС поради државниот удар на 26 јули“.