Куртоа ги скина вкрстените лигаменти

tibo_kurtoa_456444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Голманот на Реал Мадрид и Белгија, Тибо Куртоа подолго време ќе биде надвор од терените поради тешка повреда. Според прес-службата на мадридскиот клуб, на играчот му била констатирана руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено. Во блиска иднина Белгиецот ќе биде опериран.

 


Реал информира дека Куртоа се повредил на тренинг. Точниот тајминг на закрепнувањето на играчот ќе биде познат подоцна.

 

Триесет и едногодишниот Куртоа минатата сезона забележа 49 настапи за Реал Мадрид и прими 49 гола.

 

Реал Мадрид првиот натпревар од новата сезона од шампионатот на Шпанија ќе го одигра на 12 август против Атлетико Мадрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK