Слики од „Виножито од Тиквешко” на Владимир Темков на изложба во Белград

slika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков вечерва ќе го претстави своето ликовно творештво преку изложба на слики во „Продажна галерија” во Белград.

– Се работи за 30 дела од последниот циклус „Тиквешко виножито”, на кои се претставени виното и житото што се раѓаат под тиквешкото сонце, појаснува Темков.



Минатиот август овие дела беа пред љубителите на културата во Турција, а пред некое време Темков имаше изложба и во Њујорк и Скопје. Тој нагласува дека ова е последната од неколкуте големи изложби низ светот, по повод 45-годишен јубилеј.

– Со овие изложби, како впрочем и сите други,  се промовира македонската култура во светот, со посебен акцент на кавадаречката уметност, дециден е Темков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK