Кулеба: Никогаш нема да ги видиме Зеленски и Путин седнати на иста маса

kuleba_3453453454453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преговорите со Москва се можни само доколку Русија ги повлече своите војници од Украина, но тие нема да се одржат со учество на Путин, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, цитиран од Укринформ.

-Путин не е партнер за преговорите, изјави Кулеба.


Коментирајќи го изразеното очекување на Путин дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во САД, Кулеба рече: „Путин смета на избори од 2014 година, но резултатите никогаш не му помогнаа. Продолжувам да мислам дека факторот време е наш сојузник поради едноставна причина што нашите воени капацитети се зголемуваат, а руските се намалуваат. Сепак, ние сметаме на фактот дека во одреден момент војната ќе заврши во наша корист“.

-Оваа цел може да се постигне со комбинација на војна и дипломатија. Нашите генерали се справуваат со првото, а нивната работа е да ги натераат Русите да се откажат и да разберат дека е подобро да се зборува отколку да се бори. Се грижам за дипломатијата и дијалогот кога е можно , додаде украинскиот министер.

На прашањето дали е можно преговорите да почнат пред целосното повлекување на руските трупи од Украина, Кулеба рече дека тоа зависи од околностите.

-Не им веруваме на зборовите на Русите – ниту еден нормален човек не би им верувал. Ги разбирам овие прашања и нивната логика, но не можам да дадам конкретни одговори бидејќи не постојат. Животите на милиони луѓе се во прашање, додаде тој.

Кулеба потсети и дека минатата година Иницијативата за извоз на црноморско жито беше договорена со посредство на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, а Москва не ги исполни своите услови.

-Имаше два посебни договори со нас и со Москва, немаше директен договор. Ни треба малку креативност за да најдеме решенија. Ќе ги бараме на сите можни начини, но во моментов нема услови за тоа: Русија продолжува да не напаѓа, затоа што повеќе сака војна отколку мир, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK