Во Бугарија се зголемуваат платите на учителите за 15 проценти

bugarija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Платите на учителите се зголемуваат за 15 отсто. Ова е направено со анекс на колективниот договор за работа за предучилишниот и училишниот образовен систем кој денеска го потпишаа министерот за образование и наука проф. Галин Цоков и социјалните партнери. Зголемувањето стапува во сила ретроактивно од 1 јануари 2023 година, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука (МОН).

„Владата на овој начин го гарантира националниот приоритет за одржување на висината на платите на учителите од 125 отсто од просечната плата во државата“, коментира проф. Цоков.


Според него, најдобрите решенија за системот можат да се најдат само благодарение на добар и конструктивен дијалог со социјалните партнери. „Ме радува што со државниот буџет ги гарантиравме и платите на вработените во образованието и продолжувањето на започнатите поправки и модернизирање на училиштата и студентските домови во државата“, додаде министерот.

Со анексот потпишан денеска минималната основна плата за учителите станува 1.709 лева. Така ќе биде и за сите други педагошки специјалисти – наставници, воспитувачи, раководители на одделот „Информатички и комуникациски технологии“, логопеди, психолози, педагошки советници, тутори, кореографи, рехабилитатори за слух и говор и спортски тренери во училиштата и градинките. , известуваат од МОН.

Минималната основна плата за постарите учители и вишите воспитувачи станува 1.763 лева, а за главните училители и главните воспитувачи – 1.831 лева. Директорите ќе добиваат основен надоместок од најмалку 2.082 лева, а замениците – 1.926 лева.

За зголемување на платите на учителите од државниот буџет се обезбедени 524 милиони лева.

Анексот на колективниот договор за труд го потпишаа министерот за образование и наука, проф. Галин Цоков, претседателот на Сојузот на бугарски учители при КНСБ Јанка Такева, претседателот на Синдикатот „Образование“ при КТ „Подкрепа“ Др. Јулијан Петров, претседател на Самостојниот синдикат на наставници при КНСБ Аспарух Томов, претставници на Синдикатот на раководителите во јавниот образовен систем во Бугарија и на Здружението на директори во средното образование во Република Бугарија.

BTA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK