Харадинај ја обвини Владата на Курти за зачестените убиства во Косово

haradinaj_34242432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи.


„Погрешниот пристап на Владата и на МВР, со поместувањето на клучниот елемент во општеството, јавната безбедност, внатре во нејзината чисто политичка агенда, доведоа до тоа елементите со криминални предиспозиции да се организираат во банди кои денес непречено го загрозуваат животот на граѓаните“, напиша Харадинај на својот Фејсбук, по последното убиство што синоќа по полноќ се случи во село Руника, општина Србица.

Тој изрази сомневање дека „ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите“ за спречување на злосторствата… „има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата“.

Притоа, екс-премиерот споменува и вмешаност на владата на Албин Курти во наводно планирање меѓународен шверц со оружје, без да изнесе детали вов рска со тоа.

„Недостигот на визија и посветеност на владата и на МВР буди сомнежи дека ова високо ниво на загрозување на јавната безбедност и небрежноста на иснтитуциите за спречување на овој вид злосторства, од кои секојдневно се потресува земјата, има за цел одвлекување на вниманието на јавноста од бројните скандали и коруптивни афери на владата, при што деновивме дознавме и за планирањето меѓународен шверц со оружје од страна на сексери блиски на владата“, напиша Харадинај.

Според него, „појавувањето на криминалци со маски, како што беше синоќешниот случај во општина Србица, каде што беше убиено едно лице и беа ранети три други, ја изнесува на виделина немоќноста на владата, како и храброста на криминалните групи за дејствување“.

Поради сето наведено, Харадинај го повтори повикот до другите парламентарни опозициски партии да му изгласаат недоверба на Курти и на неговиот кабинет.

„Објективно, граѓанинот останува незаштитен, незгрижен од оваа валда која има голем недостиг на професионалност за третирање на комплексни прашања, какво што е безбедноста. Оваа влада ќе се смета за одговорна за влошувањето на безбедносната состојба во земјата. Решението е во изгласувањето недоверба“, порача Харадинај.

За помалку од една недела, од минатиот петок, 5 август, до денеска, во Косово се извршени три убиства – едно во центарот на Приштина, едно во Клина (на 7 август) и едно (во првите часови на денешниот ден) во село Руника во општина Србица. Сите три убиства се извршени во угостителски објекти, а покрај трите жртви, во инцидентите има и над 20 ранети и повредени. По еден од учесниците во престрелката во Приштина, како и по сторителите на двете други убиства полицијата и натаму трага, со тоа што идентитетот на убијците во Приштина и во Клина е откриен, додека на двајцата маскирани напаѓачи во Србица сé уште не е познат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK