ЕКО Акрополис Рели годинава слави 70-годишен јубилеј

FOTO_OKTA Rally
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Светската автомобилска елита и оваа година ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи од 7 до 9 септември во Грција.

Релито ЕКО Акрополис, познато и како „Рели на боговите“, е една од најважните и највпечатливите трки во рамки на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship), кое е највисоко рангирано интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина. Годинава, импресивното Акрополис рели обележува 70 години од првата трка со меѓународно учество, која се одржа далечната 1953 година.


Како и претходните години, ЕКО, членка на HELLENiQ ENERGY, е главен спонзор на овој светски познат настан кој ја отсликува компаниската страст – автомобилските спортови.

Годинава, во текот на трите дена на релито, натпреварувачите ќе минат вкупно 300 километри, поделени во 14 етапи. Една од нив ќе биде и „ЕКО Супер Специјалната етапа“ (EKO Super Special Stage) што ќе се одржи на првиот ден од трката (7 септември), на специјално изградена патека во должина од 1,5 километри, лоцирана на Атинската ривиера.

Љубителите на автомобилските трки од целиот свет, а меѓу нив и деловните партнери и соработници на ЕКО, ќе имаат можност и оваа година да бидат сведоци и повторно да уживаат во врвен автомобилски спектакл што го одзема здивот и кој ги собира најдобрите светски рели возачи и совозачи.

Инаку, годинава, во чест на 45 годишниот јубилеј,  компанијата ОКТА на еден среќен добитник и неговиот придружник ќе им овозможи да бидат дел од ова „Рели на боговите“, посетувајќи една од специјалните етапи. За да станете потенцијален добитник или добитничка на ова уникатно патување и искуство, треба да ги следите инструкциите објавени на Фејсбук страницата на ОКТА. Името на среќниот добитник на ова патување ќе биде објавено на 18 август на истата страница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK