(Видео) Фрчкоски: 20 дена од скандалот со „Алта банка“, една недела од кривичната пријава, Савески молчи


jon-frchkoski-sdsm-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со „Алта банка“ во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица. А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк,истакна денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.


Според него, граѓаните не можат да дојдат до своите пари, пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите а банкарскиот систем е загрозен.

„Не се знае дали е отворена истрага за „Алта банка“? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија?

Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност „Алта“ да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите? Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ. Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра. Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа“.

Само во Македонија, како што шосочи, сè уште се чека и ништо не се презема.

Во меѓувреме, додава Фрчкоски, Мицкоски и Славески, истите што, како што рече, ја внесоа „Алта“ во Македонија, сега брзаат да ја продадат.

„Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир. Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите? Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат“.

Институциите, додава тој, мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија.

Савески, оценува Фрчкоски, мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон.

Како што вели, секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки.

„Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие. Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK