Ликовна колонија во Галичник од 12 до 20 август

лик колонија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 12 до 20 август ќе се одржи 34. издание на ликовната колонија Галичник, а фокусот годинава ќе биде Колонизација/Деколонизација на природата.

Учесници на годинешното издание на Ликовната колонија Галичник 2023 се  Аница Вучетиќ и Јелена Владушиќ од Србија, Калин Серапионов и Пенка Минчева од Бугарија, Ефи Фурики од Грција, Фуруја Такахиса од Јапонија, Ларс ден Хертог од Холандија, Ил Џафери од Косово, Иван Блажев и Филип Велковски од Северна Македонија.


Јавни претставувања на уметниците ќе биде на 17 и 19 август, во амфитеатарот Упија, а работилница со деца ќе се одржи на 19 август.

Организаторите посочуваат дека секоја година колонијата има тема, а оваа година фокусот е на Колонизација/Деколонизација на природата, како многу важно прашање во еколошката, политичката и проблемите со доминацијата на Капиталот(во ерата на Капиталоценот) кои се наметнаа како сериозен интерес во областа на современата уметност и нејзините транс-тактики. Зошто е ова важно за глобалниот процес на (еколошка) ментална трансформација кон посвесни општества и нејзината иднина, велат организаторите.

Оттаму потенцираат дека како што имплементацијата на предностите на новата ера во античкиот амбиент на прекрасниот Галичник е како додавање на ново ткиво во организам со дефинирана стратиграфија. Хабитусот помеѓу старото и новото се издигнува во синтеза, синергија, надградба, современост со нагласен културен предзнак.

Колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Помош и донација на: Културниот центар на Р. Бугарија во Скопје, Месна заедница Галичник, Пивара – Скопје, Вардар Градба, Винарија Дисан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK