Изречени 217 санкции за брзо возење на ниво на државата

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територија на Републиката биле казнети 217 возачи за брзо возење.

Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.


МВР укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK