На територијата на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Притоа, санкционирани се 22 возачи, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Од нив, 21 во Куманово и еден во Кратово. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, се истакнува во соопштението.
Од МВР потенцираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.