Стејт департмент: Одлуката за евентуална средба меѓу Зеленски и Путин треба да ја донесе Киев

ukraina rusija znaminja
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украина мора да игра важна улога во одредувањето на сопствената иднина, така што секоја одлука за преговори со рускиот претседател Владимир Путин мора да ја донесе лично неговиот украински колега Володимир Зеленски. Ова го изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер во коментар на предлогот на Обединетите Арапски Емирати да организираат средба меѓу двајцата лидери на маргините на климатската конференција COP 28 во Дубаи.

– Во врска со евентуалната средба меѓу претседателите Зеленски и Путин, би рекол дека одлуката за тоа треба да ја донесе исклучиво претседателот Зеленски. Јасно ставивме до знаење дека Украина е на возачкото место кога станува збор за одредување на нејзината иднина, а тоа важи и за какви било преговори, истакна претставникот на американскиот Стејт департмент.


Истовремено, според Милер, Украина јасно нагласила дека е подготвена за преговори со Русија, во кои ќе се води сметка за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK