Санкционирани 148 возачи во Скопје, 31 за брзо возење

radar-policija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло…, се додава во соопштението на МВР.


Како што се наведува, сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK